Повеќе градови во Европа додека траеја карантинските денови и засилените мерки на држење дистанца организираа различни манифестации меѓу кои и Drive-In летно кино. Вакво Drive-in летното кино за првпат во Охрид кое ќе се одржува 3 дена по ред. Проекција на блокбастери на паркинг, каде гостите уживаат од своите автомобили со вкусни пуканки.
Тридневната проекција ќе се одржи на паркингот Горица 3- НЕМО, со датуми 14.08. – 16.08.2020.
Проекцијата на филмовите започнува во 21:00ч, а со цел да се избегне метеж паркингот ќе биде отворен од 19:30ч при што ќе има Pre-movie Warm Up и изненадувања.
Картите за една вечер се во износ од 400 денари од автомобил по двајца (согласно пропишаните протоколи и мерки за заштита од Ковид- 19).
БРОЈОТ НА КАРТИ Е ОГРАНИЧЕН
Картите можат да се набават online на следниот линк: https://www.kupikartizase.com/Events/summer_drive_in
или на сите продажни места на Купи карти за се (ги има на нивната веб страна).
Во Охрид:
Туристичка Агенција ВИС ПОЈ
„Македонски Просветители” бр. 7 (наспроти Основен Суд – Охрид)
Atlantis Охрид -T A AtlantiS Ohrid
бул. Туристичка бр. 3/4
046 262 212
ohrid@atlantis.com.mk
www.atlantis.mk
Распоредот на филмовите е следен:
• 14.08. (петок)- „The Little Gangster“ (Малиот Гангстер)
• 15.08. (сабота)- „Панкот не е мртов“
• 16.08. (недела)- „The house that Jack built“ (Куќата што ја изгради Џек)
ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ СЛЕДНИТЕ МЕРКИ И ПРАВИЛА:
– Носете заштитна опрема (маска, ракавици..)
– Следете ги и почитувајте ги инструкциите на редарите
– Паркирајте се на означените места, осигурајте го возилото и исклучете ги светлата
– Не излегувајте од автомобилот беспотребно!
– Доколку сакате да бидете услужени, приклучете 4 трепкачи и почекајте
Влезот за возилата ќе биде од страната на хотелот ИНЕКС Олгица 2 (од кај кружниот тек) према паркингот Горица 3- НЕМО (мапата за влезот ќе биде наkнадно објавена).