Toyota со прв брод на хидрогенски погон

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската индустрија веќе неколку децении работи на постојано унапредување на автомобилската технологија вклучувајќи ги тука и енергенсите како основа за придвижување на автомобилите.

Од хибридната технологија па се до целосно електрифицираните автомобили, во последните години е направен сериозен чекор напред кон иновирањето кога се во прашање моторите, но и намалувањето на загадувањето, намалувањето на потрошувачката и во целост зголемување на ефикасноста во возењето.

Откако Mercedes премиерно претстави прототип на Sprinter со горивни ќелии, сега јапонскиот производител Toyota откри нешто многу посериозно – прв брод на хидрогенски погон.

Се започна пред шест години во Франција каде започна тестирањето на нови погони од обновливи извори, а со подршка на Toyota Motors Europe, заврши првата круцијална фаза од истражувањето и развој на технологии кои зависат од идрогенот.
Новата иновација на Toyota не е повеќе само на хартија и на Медитеранот веќе неколку денови се тестира овој брод кој во 2020 ќе пристигне во Токио, за време на Олимпијадата кога за прв пат и официјално ќе биде отворен за јавноста.

“Навистина сме возбудени што ја имаме Toyota во борбата за оваа мисија” изјави накратко Викторијан Ерусард, капет на бродот Energy Observer.  Задоволство од првичните резултати демонстрираше и претставникот на Toyota, Мет Харисон кој изјави дека е навистина возбудливо што јапонскиот производител е дел од оваа иницијатива.

Инаку Toyota е само еден од неколкуте автопроизводители кои активно експериментираат со водородната моќ. Веќе го развија концепт возилото на горивни ќелии Mirai, а активно работи и автобуси, камиони па дури и виљушкари кои користат обновливи извори на енергија.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK