Спортскиот огранок на Toyota, Gazoo Racing објави дека го пушта во сериско производство хиперавтомобилот со моќност од 1000 коњски сили. Јапонците го покажаа прототипот на GR Super Sport на саемот во Токио во јануари, а го демонстрираа на трката „24 часа ЛеМан“.
Автомобилот има конструкција од јаглеродни влакна и хибридна платформа од 2.4 литри со шест цилиндричен мотор со два турбокомпресори. Со истиот мотор е опремен и тркачкиот прототип Toyota TS050 Hybrid, кој учествува во светскиот шампионат за издржливост WEC.
Во 2020 година правилата во серијата WEC ќе бидат сменети за да дозволат учество на автомобили кои се поблиски со сериските модели. Се верува дека Toyota планира да учествува во шампионатот со новиот суперавтомобил.