понеделник, 25 декември, 2025 година

Toyota се откажува од култниот модел

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во декември годинава од производствената линија на Toyota ќе биде симнат последниот Mark X. Од компанијта од Јапонија објавија дека го запираат производството на моделот поради падот на побарувачката на големи седани на внатрешниот пазар.

Историјата на Mark ќе заврши со специјална верзија. Final Edition ќе се одликува со темна решетка на ладилникот, 18-инчни хромирани тркала, двобоен ентериер со тапацир од кожа и алкантара и црвени шавови. Автомобилот ќе може да биде порачан во бела или црна боја, но и во сребрена.

- Advertisement -

Последниот Mark ќе биде достапен со заден или двоен пренос. Мотор е само еден, а се работи за 2.5 литарски V6 со можност за 203 коњски сили и е опремен со шестстепен автоматски менувач. Цената  на оваа верзија е 3.331.800 јени (26.665 евра).

Моделот Mark е вклучен во понудата на Toyota повеќе од полoвина век. Првиот седан од семејството се појавува во 1968 година. И покрај името актуелниот Mark X е 11. генерација. Се произведува сè до 2009 година, а во последните десет години претрпе две „шминкања“.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја