Откако во октомври минатата година во пресрет на саемот за автомобили во Токио беше претставен концептот Mirai, Toyota потврди дека премиерата на продукцискиот модел ќе се одржи во декември годинава.
Овој модел се темели на новата GL-A платформа, а доаѓа со значително поголеми димензии што овозможува поголема пространост во внатрешноста. Така должината изнесува 4.975 мм, широчината 1.885 мм, висината 1.470 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.920 мм.
Во производство овој модел влегува на почетокот на следната година во Мотомачи фабриката во близина на Аичи. Почетната цена останува непозната, а овој модел ќе биде дел и од европската и американската понуда на Toyota.
Моделот Mirai во понудата на јапонскиот производител е воведен во 2014 година, а најголем дел од досега произведените примероци се испорачани во САД и Јапонија.