Во пресрет на саемот во Токио кој започнува на 24 октомври, Toyota ја претстави новата генерација од моделот Mirai.
Mirai доаѓа со радикално изменет изглед. Добива драстично поубав дизајн, како надворешен, така и внатрешен “претворајќи се од грдото пајче во преубав лебед”.
Јошиказу Танака од Toyota наведува дека новиот Mirai доаѓа со многу подобрувања меѓу кои и поголем домет за 30%, подобро забрзување и перформанси.
Без да се прецизираат остнатите технички карактеристики се наведува дека овој модел се темели на новата GL-A платформа, а доаѓа со значително поголеми димензии што овозможува поголема пространост во внатрешноста.
Во производство овој модел влегува следната година во Мотомачи фабриката во близина на Аичи. Почетната цена останува непозната, а овој модел ќе биде дел и од европската и американската понуда на Toyota.