Компанијата Toyota довршува хиперавтомобил за да може да добие хомологација за трката „24 часа Леман“. Услов за настап во новата класа на прототипови на легендарната трка е производството на ограничената серија од најмалку 20 патнички автомобили.
Toyota својот хиперавтомобил веќе го претстави како студија, но повеќе во тркачка конфигурација со пресеци и само со навестување на предните фарови.
Сега протекоа информаии дека автомобилот ќе го движи 2,4 литарски V6 бензинец интегриран во хибриден погонски систем со вкупна сила од 1000 „коњи“!
Toyota Hypercar забрзува до 100 км/ч за 2,5 секунди, а до 200 км/ч за 7 секунди. Се претпоставува дека верзијата за пат ќе чини 2,4 милиони евра, додека првите испораки се планирани за 2022 година.