Тој е „пали – гаси“ во Ferrari и неговиот збор е последен!

ОБЈАВЕНО НА:

Сакате да купите нов Ferrari, особено некој редок модел! Тогаш сигурно ви требаат многу пари. Но, тоа нема да ви помогне, дури и да имате „врски“ кај некој од вработените. Морате да го минете тестот на Енрико Галиера, шефот на маркетинг, чиј прекар е Мистер Но.

Да се работи во Ferrari незначи и дека така ќе имате некој попусти или ќе можете да фатите врска. Сѐ има свој ред, и начин како се стигнува до нов модел. И не ретко и многу богати и славни биле одбивани.

Енрико Галиера решава кому ќе му биде дозволено да купи нов модел, особено оние од ограничена серија.
„ Имаме голема побарувачка отколку што можеме. Она што ни треба е критериум по кој се водиме, и така да го наградиме нашиот клиент, изјавил Галиера.

Тој објаснува дека најтешко му е кога треба да каже „не“, но тоа му станалао дел од секојдневието. На пример компанијата им кажала на 200 потенцијални купувачи за LaFerrari Aperta пред промоцијата дали се заинтересирани да купат возило иако сѐ уште не го виделе. Одговорот од сите бил позитивен.

Галиера открива дека добива апликации и од личности што не заслужуваат Ferrari, а понекогаш тоа се дури и кралеви. Полесно е да се одбие некој што не е досега сопственик на Ferrari, но потешко е да се одбие некој за кого се знае дека е „добар купувач“.

Возачите во Формула 1 се единствените вработени на кои се дозволуваат новите модели.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK