По Хрватска, Грција е втората балканска земја која разви супер автомобил. Станува збор за автомобилот Chaos кој беше најавен уште во март годинава.
Иако тогаш не беше откриен изгледот, компанијата Spyrоs Pаnоpоulоs Аutоmоtivе сега ги објави првите тизер фотографии.
Станува збор за автомобил со привлечен футуристички дизајн кој можеби влече инспирација од Rimac.
Од претходно е познато дека Сhаоs ќе располага со 4,0 литарски V10 мотор со моќност меѓу 2.000 и 3.000 коњски сили и ќе забрзува до 100 км/ч за помалку од две ceкунди. Моторот на Сhаоs e сопствен развој. Бензинската верзија ќе равива околу 2.000 коњски сили, а варијантата, која работи на биоетанол Е85 – околу 3.000.
Според претходно презентираното од страна на Спирос Панопулос, основачот и сопственикот на оваа компанија, овој автомобил ќе достигне максималан брзина од нешто повеќе од 500 км/ч.
Инаку во моментот на развој на свој супер автомобил работат уште и Србија и Бугарија.