Tesla пушта во продажба – текила!

ОБЈАВЕНО НА:

Откако на 1 април, Илон Маск објави своја фотографија, како припаднал после опивање со „теслакила“  заради „банкрот“ на Tesla, ретко кој сметал дека се работи за пијалот кој постои навистина.

Минатата недела производителот на електромобили поднел барање за регистрација на трговскиот бренд Teslaquilla до американската канцеларија за патенти.

Според описот во документите станува збор за „дестилиран алкохолен пијалот од агава“ и „син дестилиран алкохолен пијалок од агава“. Маск ја потврдува новината на Twitter со соопштението “Teslaquila coming soon…”

Повеќе детали за новата текила засега не се познати. Не е јасно и кога пијалокот ќе се појави во продажба. Практиката покажува дека Маск умее да прави пари од на прв поглед налудничави проекти како огненото оружје на другата негова компанија The Boring Company.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK