Кон крајот на октомври Tesla ја комерцијализираше текилата брендирана како Teslaquila.
Само неколку денови откако се појави во слободна продажба распродадена е целата количина од овој пијалок, и покрај тоа што чини 250 долари.
Овој алкохолен пијалок од агава кој е со несекојдневна форма на шишето повеќе не е достапен за купување преку интернет страната на Tesla, а останува нејасно дали повторно ќе се најдат одредени количини за продажба.
Идејата за лансирање на алкохолен пијалок Маск ја претстави на 1 април 2018 година. Поради самиот датум, многумина сметаа дека станува збор за шала, а сега Маск уште еднаш ги демантираше неговите критичари.