Tesla ја напаѓа Европа, Маск ја најави првата фабрика

ОБЈАВЕНО НА:

Изминатата година, но и оваа се повеќе и повеќе производители повеќе го напуштаат производството на традиционалните автомобили на фосилни горива и се пренасочуваат на електрични автомобили.

Ова пред се важи за европските производители, но тие наскоро ќе се соочат со големи закани на домашниот, европски пазар.

Маск, првиот човек на Tesla најави дека наскоро ќе започне со изградба на својата фабрика во Германија, во близина на Берлин со што ќе ја зголеми својата присутност на европскиот пазар каде во моментов продажбата не е на некое задоволителено ниво, но е со континуиран пораст.

Маск најави дека во фабриката покрај електричните автомобили ќе се произведуваат и батерии, а првиот модел кој ќе се произведува ќе биде моделот Y, на кој подоцна ќе му се приклучи и моделот 3.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK