Tеslа добива мотор од вистинска ракета

ОБЈАВЕНО НА:

Елон Маск не престанува да ги зачудува луѓето низ светот со своите изјави. Така на пример, тој пред скоро време објави дека новиот Tеslа Rоаdstеr ќе добие делови од ракета.

Според него тоа ќе бидат приближно истите мотори, кои се користат за вселенските бродови SpасеX. Маск уште најави дека ќе ги скрие млазниците на моторот зад регистарската табличка.

„Под команда на возаот, капакот ќе се спушти и моторите ќе се вклучат. Ќе изгледа точно како кај автомобилите на Џејмс Бонд“, рече Маск за време на американското шоу на Џеј Лено.

Според Маск, Tеslа Rоаdstеr ќе влезе во продажба до крајот на 2022 година и на тој електричен супер автомобил ќе се интегрираат ракетните мотори. Друго прашање е  дали му верувате на Маск.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK