Tesla доаѓа во Србија и Хрватска, Македонија заобиколена

ОБЈАВЕНО НА:

Наскоро во Србија и Хрватска ќе се отворат продажно-изложбени салони на Tesla, потврди Илон Маск.

Тој на Твитер го најави ова откако од еден корисник беше запрашан кога Tesla ќе отвори свој салон во Словачка.

“Се надеваме дека ќе отвориме во Словачка, Хрватска, Србија и голем дел од Источна Европа на почетокот на следната година. Конечно, ќе го направиме Никола Тесла горд со имањето на автомобили во неговите земји на потекло” стоеше во твитот на Маск.

Претходно, Tesla отвори свои салони во Словенија, Чешка и Полска, со што се повеќе и повеќе земји од Источна Европа добиваат официјален продажен центар. Македонија засега не фигурира во ниту едни најави и планови за проширување на дилерската мрежа на Tesla.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK