Tеlsа Mоdеl 3 нагло поевтинува, но не за сите

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Tеlsа значително ја намали цената на Mоdеl 3, но само за кинескиот пазар. Електромобилите произведени во Шангај веќе можат да се купат за 249.900 јуани (31.400 евра) место досегашните 271.550 јуани (34.121 евра).

Ова е второто намалување на цените на кинескиот Mоdеl 3 од мај досега, кога чинеше 291.800 јуани (36.666 евра). на овој начин најмалата Tеslа има поевтинето за 15 проценти од почетокот на годината.

Намалувањето на цените е резултат на државните субвенции, од кои корист можат да имаат производителите на еколошко чисти превозни средства во Кина. Tеslа успеа да добие место во списокот на компании, кои имаат право на грантови, на крајот од минатата година.

Во Шангај се произведуваат Mоdеl 3 и Mоdеl Y. Тоа е првата полноправна фабрика на Tеslа надвор од пределите на САД и првата фабрика во Кина, која целосно припаѓа на странска компанија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK