Јапонскиот производител Suzuki не подоцна од јуни 2019 година ќе го лансира редизајнираниот модел на Baleno.
Suzuki моделот Baleno во субкомпактиот сегмент го лансираше во 2015 година, дело на Центарот за дизајн на Suzuki од Торино. По одличните продажни перформанси, особено во Индија каде се произведува во фабриката на Maruti Suzuki, јапонскиот производител планира со редизајн на постоечкиот модел да го продолжи животниот век пред официјалното претставување на втората генерација.
Иако нема прецизни информации околу тоа што се ќе биде ново кај редизајнот, она што е за очекување е мала измена на предната маска, нови предни и задни LED светла, нови фелни во понудата, но без посериозни измени во ентериерот и во поглед на понудата на мотори.
Се очекува изгледот на редизајнираниот Baleno да биде познат не подоцна од февруари следната година.