Suzuki добива знак на Toyota

ОБЈАВЕНО НА:

Пред само некоја недела јапонските производители Toyota и Suzuki потпишаа договор за соработка и заеднички развој на мотори, а нивната соработка веднаш вроди со плод.

Имено, Toyota наскоро ќе го претстави својот нов модел Glanza, а по објвувањето на првиот видео тизер многу работи беа јасни.

Станува збор за автомобил кој се темели на Suzuki Baleno, како технолошки така и екстериерно и ентериерно. Единствената разлика ќе биде предната маска на ладилникот каде меѓудругото ќе стои и знакот на Toyota.

Овој автомобил кој ќе биде понуден само со 1.2 литарски VVT бензински мотор ќе биде произведуван од страна на Suzuki-Maruti во фабриката во Гујарат (Индија),а токму и само на оовј пазар Toyota ќе го продава овој модел.

За потсетување, Toyota во САД ја лансираше новата генерација на Yaris која всушност е Mazda 2, но само со знакот на Toyota.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK