Стадион ќе стане гигантско автомобилско кино

ОБЈАВЕНО НА:

Стадионот во САД, Hard Rock Stadium беше предлог да биде претворен во гигантско кино на отворено. Според планот фудбалското игралиште ќе стане паркинг за 230 автомобили и ќе биде поставен огромен екран на кој е се гледаат важни натпревари, класични филмови, концерти и друго.

Поради пандемијата со коронавирусот сите спортски настани во САД и понатаму се одложени, а производителите на автомобили изнајмуваат многу стадиони и други спортски објекти за да можат таму да ги паркираат непродадените автомобили.

Фудбалскиот клуб од Мајами – Miami Dolphins “одлучи на различен начин да го користи стадионот Hard Rock Stadium. Раководството предложи да стане една од најголемите киносали за автомобили.

Од една страна тоа ќе даде можност за надоместување на трошоците, а од друга страна ќе им овозможи на Американците да гледаат филмови и натпревари додека одржуваат социјална дистанца.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK