Познатиот јужнокорејски бренд Ssang Yong во иднина повторно ќе биде блиску до македонските купувачи откако корпорацијата Ратола и Аутомакедонија потпишаа договор за соработка и партнерство.
Со договорот, Аутомакедонија АД Скопје, официјално стана увозник, дилер и овластен сервисер за возилата од програмата на SSANGYONG за нашата земја.
Првите возила се веќе порачани и на пат кон Скопје.
SsangYong Motor e компанија основана во Јужна Кореја во 1954 година. Во 1980 година, независно развивајќи ги моделите Musso и Korando, Ssang Yong влегува на пазарот на возила со погон на сите тркала. Денес, SsangYong нуди импресивна палета на SUV возила за сите потреби.
Најстариот – Korando, како одличен семеен SUV автомобил со балансирани перформанси за возење на патот и надвор од него. Малиот и компактен Tivoli кој прераснува во вистинска урбана легенда во Азиските земји. Rexton кој фантастично ги комбинира луксузот, комфорот, технологијата и робусноста на возила со погон на сите тркала. Musso – одличниот пикап, кој го бираат професионалци за работа и авантуристи за врвни возни доживувања
Официјалните активности се очекува да стартуваат во месец Декември, 2019 година.
Договорот за соработка со Ратола, го потпишавме со огромно задоволство. Силно сме уверени дека возилата на kорејскиот производител на возила, специјализиран во сферата на SUV моделите, ќе биде одлично надополнување на понудата на Аутомакедонија. Ќе работиме силно на промоцијата на брендот и неговите вредности на пазарот и ќе дадеме се од себе, да ја освоиме довербата на нашите постоечки и нови клиенти со квалитет и врвна услуга. Веќе сме во преговори со домашните финансиски институции, возилата на SSANGYONG да влезат на пазарот и со одлични пакети за финансирање кои ќе им помогнат на нашите граѓани полесно и поедноставно да го направат својот вистински избор. Со нетрпение го очекуваме пристигнувањето на првите возила и официјалниот старт на активностите на пазарот.” – изјави Зоран Дочински, генералниот директор на Аутомакедонија.
Почетокот на активностите на Аутомакедонија, се совпаѓа со исклучително значајните моменти за SSANG YONG. Во истиот овој период има:
➡️ Лансирање на најновата, четврта генерација на KORANDO. SUV возило со огромен потенцијал, што може да се избере во варијанти со погон на две или на сите четири тркала (4WD). Опремен е со два мотори (дизел мотор со зафатнина од 1.6 литри и моќност од 136 кс и сосема новиот, неодамна лансиран бензински мотор 1.5 GDI-Turbo со моќност од 163 коњски сили). На тестирањето на EuroNcap освои максимални 5 ѕвездички за безбедност. Доаѓа, како и сите останати модели на SsangYong со гаранција од 5 години.
➡️ Почетокот на продажбата на редизајнираниот REXTON. Вистински знаменосец во палетата на SsangYong
➡️ Oсвежениот TIVOLI. Одличен компактен SUV идеален за управување и употреба во градските урбани средини, со препознатливо (издигнато од патот и прегледно) SUV возење, одлични агрегати, врвен квалитет на изработката и квалитетот на материјалите, како и со многу технолошки гаџети, со кои веќе се стекнува со имиџот на статусен симбол на мадата генерација во Азиските земји.
➡️ Нова (подолга) верзија на пикап камионетот – MUSSO GRAND