Volkswagen е новиот спонзор на фудбалската репрезентација на Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen и Фудбалската федерација на Русија скчлучија договор за спонзорство во траење од четири години.

Компанијата од Германија ќе обезбеди десет нови автомобили од моделите Touareg, Tiguan, Polo, Caravelle и Multivan за потребите на фудбалската репрезентација. Кросоверите и автомобилите ќе бидат користени од тренерскиот тим, додека во микробусите ќе е возат играчите.

Тоа не е прв договор меѓу Volkswagen и РФС. Компанијата беше спонзор на „Зборнаја“ и во периодот од 2009 до 2016 година. Во тој период тогашниот селектор на Русија, Фабио Капело возеше Phaeton, додека фудбалерите и раководството на националниот тим користеа други модели на брендот.