Дали знаете како безбедно се вози во магла

ОБЈАВЕНО НА:

Зимата е период кога често има магла на патиштата. Дополнително и студеното време и снегот уште повеќе го отежнуваат патувањето, не само на автопат туку и во градски услови. Иако автопатот е убедливо најсигурната сообраќајница, на која статистички се случуваат најмалку сообраќајки. Но, тоа важи за 90 отсто од случаите, а во 10 отсто од околностите, има повеќекратни и понекогаш и тешки сообраќајки.

Маглата е најопасна, бидејќи тогаш се случуваат несреќи во кои учествуваат и по неколку возила. Опасноста е поголема што се случува при такви несреќи да има вклучено и големи камиони – шлепери со десетица тони тежина, кои едноставно мелат се пред себе. Такви несреќи се многу чести на европските патишта, а забележани се случаи кога имало и неколку десетина возила во таквите сообраќајки.

Покрај видливоста, брзината исто така е главен фактор што влијае на ризикот на несреќата. Подеднакво е ризично голема, како и мала брзина, бидејќи најлошо е кога има големи разлики во брзините меѓу возилата во сообраќајот. Таквите несреќи ги предизвикуваат возачите што нагло ќе успорат, па на нив ќе налета возач што не држел доволно растојание и возел со брзина што не била прилагодена на условите на патот. Тогаш возилата целосно застануваат и на нив налетуваат оние возила што доаѓаат, па станува уште поризично.

На ризикот од несреќа значително влијаат здравјето и заморот на возачот и исправноста на возилото. Најлошото е ако во такви околности, возачот вози уморен, со лош вид, кој е под дејство на алкохол, дрога или психоактивни лекови, а автомобилот е неисправен (сигнализација, сопирање …). Во такви околности, тоа може да се забележи по ненадејните промени на брзината, и понекогаш честото менување на правецот на движење.

Препорачливо е  ги предупредите со краток светлосен сигнал, но најдобро е да не се вози зад нив, бидејќи се изложувате на висок ризик. Особено е опасно во маглата, кога уште можете „колку – толку“ да гледате, по што одеднаш може да влетате во зоната каде што ништо не се гледа. Затоа, најдобро е да не се калкулира, без оглед на обврските, и да застанете настрана.

Тогаш помагаат чисти стакло, а чадот од тутун ги влошува ионака лошите услови на патот. Затоа, нетреба да пушите и да ги замолите и сите патници во возилото да се воздржат од пушење. Се разбира, вие вклучете ги светла за магла, и ги користат ги само собореното светло.

Со долги светла во магла полоша е видливоста и се заслепуваат возачите од спротивната насока. Ако брзината треба да се намали на помалку од 30 км/ч, а тоа значително го зголемува ризикот дека некој се ве удри одзади, вклучете ги сите четири трепкачи..

Исправни светла, трепкачи и друга сигнализација на автомобилот се од особена важност за патничко моторно возило, во сите услови на возење, особено во магла. Во никој случај не смее да се вози, ако тие се неисправни стоп светлата, трепкачите главните фарови. Само целосно исправен автомобил, заедно со одговорен возач даваат доволна сигурност.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK