Совет: Кои автомобили најтешко се продаваат како половни

ОБЈАВЕНО НА:

Стана пракса последниве години да се купуваат половни автомобили најчесто увезени, кои потоа завршуваат кај трети лица. Препродажбата на возило некогаш и не е така лесна работа, бидејќи треба да се знае што сакаат купувачите и што е тренд во моментов. Но, најголема улога при продавањето на автомобил има цената и состојбата: треба и да имате среќа, па токму такво возило да се бара на пазарот.

Но, има голема зависност од пазарот и треба да се знаат декои детали пред да решите да го продадете возилото. Од тие детали зависи дали, кога и за колку пари ќе го продадете. Некои возило едноставно „веднаш“ се продаваат, а за некои треба време, или пак да се намали доста цената.
Ако се погледен по онлајн огласниците кај нас, ќе се забележи дека некои возила потешко наоѓаат нови сопственици.

А еве кои возила потешко се продаваат:

Лоша состојба
Постојат автомобили кои покажуваат дека не се во добра техничка состојба. Лошата состојба на бојата, суспензија и целата низа други мали проблеми ја објаснуваат состојбата на автомобилот и, се разбира, се продаваат многу напорно. Некои сакаат автомобили за делови, но тие секогаш одат уште поевтино. Колку полоша состојба – толку потешко се продава.

Француски возила
Освен автомобилите на Renault, другите француски производители не уживаат добра цена за препродажба. Тие екстремно брзо се амортизираат и не се особено популарни кај најголемиот дел од Македонците. Ги бие глас дека се скапи за одржување, што не е точно.

Трицилиндрични мотори
Малите автомобили, особено оние со три цилиндрични мотори се продаваат многу напорно. Тоа се модели како што се Citroen C1, Toyota Aygo, Peugeot 107, Hyundai Getz, Chevrolet Spark, Opel Corsa … Многу од купувачите на користени автомобили ги перцепираат како “женски” и немаат силна побарувачка. Од друга страна „држат цена“ и затоа треба време додека се најде нов сопственик.

Хечбек со три врати
Купувачите не ги сакаат многу компактните хечбек возила со три врати. Кога се купува половно возило тоа е најчесто за семејна употреба, и се бараат пет врати и багажник.

Автомобили постари од 20 години
Возниот парк ионака е многу стар. Увезените возила најчесто се понови, па ако имате постара автомобил од 20 години, тогаш може и добро да се помачите.
Вообичаено се тргуваат автомобили на возраст од 6 до 15 години.

Луксузни возила од минатиот век
Знаменосците на брендовите како што се AUDI S8, Mercedes S-Klasse и BMW 7, произведени околу 2000 година, не се барана роба. Луѓето со пари, такви автомобили одамна ги смениле за понови, и овие не ги сакаат бидејќи се скапи за одржување.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK