Сопственикот на Tesla со 7 предвидувања за иднината

ОБЈАВЕНО НА:

Основачот и главен извршен директор на Tesla и SpaceX, Илон Маск го сметаат за еден од најголемите визионери на денешницата, а самиот вели дека во иднина се очекуваат две големи работи, а тоа се електрификацијата и животот на Марс.

Тој има седум предвидувања за иднината, а тие делуваат интересно.

1. Сите видови на транспорт ќе бидат електрични
Според Маск сите видови на транспорт, со исклучок на ракетите ќе станат електрични. Тој вели дека возилата, авионите и бродовите целосно ќе се електрифицираат и дека во тоа нема никаков сомнеж.
„За мене нема никаков сомнеж дека сите видови на транспорт, со еден ироничен исклучок – ракетите, ќе станат целосно електрични“, изјави првиот човек на Tesla.

2. За најмногу десет години новите возила во САД ќе бидат електрични
Оваа прогноза на Маск е искажана годинава. Поточно тоа го направи во месецот јули.

3. За 20 години електричните возила ќе бидат стандард
„Доколку за 20 години не поседуваш возило со електричен систем на управување тоа ќе биде исто како да имаш коњ и тоа само од сентиментални причини“, вели Маск.
Тој смета дека секој автомобил без електрично управување ќе има негативна вредност. Во јули изјави и дека за 20 години колите нема да имаат волани.

4. Автоматизирањето ќе го направи основниот приход поверојатен
„Постојат големи шанси поради автоматизацијата да биде воведен универзален основен доход“, изјави Маск за интервјуто за CNBC.

5. До 2025 година ќе се направат првите чекори на Марс
На почетокот на октомври Маск зборуваше на Меѓународниот конгрес за астронаутика и искажа детали од плановите на компанијата Space X да испрати луѓе на Марс до 2025 година. Целта е бродот да тргне во 2024 година, но нема да слета пред 2025 година. Идејата е да се колонизира Црвената планета и да се направи добро место за живот.

6. Вештачката интелигенција поопасна од нуклеарното оружје
Според Маск вештачката интелигенција претставува најголема опасност за човечката цивилизација. Тој на својот профил на Твитер напиша: „натпреварот на државите во областа на вештачката интелигенција најверојатно ќе биде и причина за Трета светска војна“.
Овој коментар беше реакција на изјавата на претседателот на Русија, Владимир Путин дека онаа земја која ќе ја има најдобрата вештачка интелигенција таа ќе владее со светот.

7. Луѓето треба да бидат делумно роботи за да преживеат
„Во скоро време ќе станеме сведоци на спојување на биолошката и дигиталната интелигенција“, изјави Маск со што како да сакаше да потврди дека се работи на тоа како луѓето да живеат подолго, а притоа луѓето ќе мора делумно да станат роботи што е најава за користење на вештачки органи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK