Да, добро читате. Сега имате одлична шанса да возите нов BMW автомобил купувајќи нов стан. Сепак лошата вест е што оваа приивлегија можете да ја уживате доколку станот го купите во Шангај. Така, една компанија за недвижност вети дека на сите купувачи на нивните станови ќе им подари целосно нов BMW автомобил, а купувачите ќе имаат можност да изберат помеѓу два модели: серија 3 и X1.
Вкупно 350 станови се на продажба во овој елитен комплекс, а цената не е воопшто мала. Почетната цена на становите со најмала квадратура односно површина изнесува 620 илјади евра, што е прилично висока цена па и за многу елитни градови како Лондон, Њујорк, Лос Анџелес, Амстердам и многу други градови. За овој износ би добиле трисобен стан и целосно нов автомобил.
На интернет веќе се појавија најразлични коментари од интернет корисниците. Најголем дел од нив наведуваат дека оној кој има толку пари за стан, не вози BMW со основна опрема туку дека вози далеку поопремен и полуксузен автомобил.
Истовремено кинеските власти спроведуваат акција поради сомневање дека автомобилите се даваат како еден вид на легално мито особено поради фактот што многу компании ги купуваат становите, а претставници на истите ги добиваат автомобилите.