После двата рекорди на Type R Challenge 2018 на патеките Мањикур и Спа-Франкоршамп, новото најдобро време доаѓа од новата генерација на спортскиот Civic Type R и на легендарната писта Силвeрстоун.
Новиот рекорд е 2 минути и 31 секунда и 32 стотинки, а беше постигнат од страна на освојувачот на англискиот шампионат за туристички автомобил, Мат Нил, кој во моментов се натпреварува во BTCC за Halfords Yuasa Racing со Honda Civic Type R.
„Открив вистинска предност за Type R при управување на возилото со голема брзина, а тоа е стабилноста, која е комбинација од аеродинамика и новиот високотехнолошки систем на потпирање. Во свиоците може да се задржи голема брзина при влегување со голема самодоверба“, вели Нил после рекордот.
Новиот Civic Type R со кој се оди по постигнување на рекорди е опремен со дволитарски VTEC TURBO мотор со 320 коњски сили и 400 Нм. Новата генерација на автомобилот е во состојба да забрза од 0до 100 км/ч за 5.7 секунди и да развие максимална брзина од 272 км/ч.
Следните пилоти кои ќе седнат зад воланот на Type R Challenge 2018 се Џенсон Батон и Тијаго Монтеиро.