Со 200 КС Cupra Arona ќе му конкурира на Juke Nismo

ОБЈАВЕНО НА:

Не е никаква тајна дека спортската дивизија на SEAT, Cupra, во наредниот период ќе лансираат голем број на спортски изведби од постоечките модели на SEAT. Според шпанскиот авто магазин Motor, прв модел кој ќе го добие знакот на Cupra ќе биде Arona.

Според изворите на магазинот, Cupra Arona ќе биде лансирана кон крајот на 2020 година како моделска изведба на 2021 година. За Cupra изведбата, ќе биде искористена истата MQB A0 платформа која се користи и кај Polo GTI. Во однос на понудата на мотори тука ќе биде 2.0 литарскиот четири цилиндрен мотор со 200 КС со погон на предни тркала.

Во однос на “обичната” Arona, Cupra Arona ќе има и неколку модификации на екстериерот и ентериерот со цел да се долови спортскиот карактер, а тука ќе биде и техничката модификација која не само што ќе се огледа во помоќниот мотор туку и во сопирачките и останатите технички елементи.

Со овој модел, шпанскиот производител ќе му конкурира на Juke Nismo кој е адутот на Nissan во овој сегмент.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK