Следната генерација на Golf R ќе има 400 коњски сили

ОБЈАВЕНО НА:

Во Volkswagen работат со засилено темпо на новата генерација на Golf, а финалниот резултат треба да биде готов во текот летото во 2019 година. Тогаш почнува производството на хечбекот, кој е познат на 108 пазари низ целиот свет.

Малку подоцна, најверојатно во 2020 година ќе се појави и топ верзијата Golf R. За неа се вели дека ќе има моќност од неверојатни 400 коњски сили.

Тоа ќе стане факт благодарение на лесниот хибриден систем, кој ќе биде додаден кон веќе актуелниот 2.0 литарски мотор. Тој ќе продолжи да испраќа сила кон сите четири тркала со посредство на автоматска трансмисија и 4Motion 4х4 систем.

Овој Golf ќе стане најбрзиот модел во целата историја на Golf возилата. Се предвидува огромната моќност да биде во согласност со дизајност, кој ќе биде поагреасивен.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK