Skoda не може да постигне, бара партнери за производство

ОБЈАВЕНО НА:

Возилата од Skoda се продаваат толку добро што компанијата од Чешка не може да ја задоволи побарувачката од клиентите и веќе бара партнери кои ќе ги склопуваат возилата на свои производствени линии.

Проблемот допрва ќе се продлабочува со оглед на тоа што до 2025 година се очекуваат и новите кросовери Kodiaq и Karoq кои треба уште повеќе да ја зголемат продажбата на марката од 1,2 милиони на 2 милиони возила годишно.

Врз основа на овие прогнози Skoda веќе „се задишува“ поради достигнувањето на полниот капацитет на своите производствени можности. Затоа во прво време компанијата смета да бара неискористен капацитет во други фабрики на VW Group.

Уште од 1 март извори од Млада Болеслав дадоа неофицијални информации дека Skoda разгледува различни варијанти за справување со кризата, со оглед на тоа што барањето ги надминува можностите.

Во април шефот на Skoda, Бернгард Мајер објави дека дел од производството на флагманот Superb ќе биде преместено во Оснабрик во Германија. Сепак, таката „миграција“ не донесе решение за проблемите.

Skoda веќе го има поминато Audi како втора компанија со најголема заработувачка во составот на концернот после Porsche. Решението на проблемите со задоволување на барањето може да се очекува најрано во ноември кога Надзорниот одбор на VW Group ќе ги разгледува прашањата за зголемување на буџетот за проширување на производствените капацитети, новите технологии и опремување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK