Ако зимава сакате да скијате во Маврово тогаш ќе треба да одвоите по 1.200 денари за еднодневна ски карта. Одговорните на ски центарот ги објавија цените за сезоната 2019/2020, и тоа за различни типови на карти. И интересно е дека ски карта се плаќа за секој што ќе застане на ски, ако не е постар од 70 години. ако се „сениор“ тогаш ќе можете да скијате бесплатно.
Но и тоа не е баш бесплатно. Сепак ќе треба да платите 300 денари за сезонска ски карта за стари лица. Најевтино е да се возите на жичарата – 350 денари, а ако сте група до 30 луѓе тогаш ќе ве чини 300 денари. Сзонската карта за жичара е 3.000 денари, но со услов само по еднаш да се искачите на ден.
Најскапата карта е сезоната карта кој ачини 15.000 денари. Ова е цена за скијач на возраст од 23 до 70 години. За оние н авозраст од 0 до 13 години треба да платат 10.000 денари, а оние на возратс од 13 до 23 години по 13.000 денари.
Но, ако сакате да скијате само еден ден, тогаш можете да изберете. еднодневна карта по цена од 1.200 денари или ски карат до 13 часот по цена од 900 денари. Ако пак решите да скијате после 12 часот тогаш ќе платите 700 денари.
Скијањето не е евтин спорт и рекреација, и доколку сте семејство тогаш спремете си „поголемо портоме“. Не постои семеен билет, туку за секој член ќе треба посебно да платите.
Сезонава на Маврово треба да биде пуштена и нова патека за скијање. Во очекување од домаќините какви се активности ќе има во Маврово, резервирајте си билет.