Сите го чекаат да се појави – Нов рендер за Fiat Punto

ОБЈАВЕНО НА:

Години наназад се зборува за оживување на моделот Punto. При тоа речиси секојдневно се појавуваат нови рендери за овој модел.

Последните доаѓаат од Италија и според истите, новото Punto е инспирирано од моделот Tipo. Тоа може се види од предните и задните светла. Во однос на формата истата потсетува на моделите Opel Corsa и Peugeot 208.

Токму и тоа дека новото Punto ќе се темели на EMP1 платформата развиена од PSA Групација e најчестата шпекулација која се поврзува со овој модел по отпочнувањето на преговорите за спојувањето на FCA со PSA.

Инаку Punto е дел од понудата на италијанскиот производител уште од 1993 година. Подоцна ја добива и престижната награда “Европски автомобил на годината”. Последниот примерок на овој модел е продаден во 2018 година.

Новата, четврта генерација би требало да се појави во текот на следната година, а ќе се произведува во фабриката на Fiat во Полска.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK