Што најмногу се продаваше во Африка минатата година

ОБЈАВЕНО НА:

Африка, за разлика од Азија, Северна Америка и Европа и не е толку привлечен пазар за големите производители. Причината за тоа е слабата економска моќ на населението кое живее во африканските земји па оттука и овој пазар не генерира голема продажба.

Економскиот раст на Африка од 3,4% минатата година колку толку ја одржа и стабилноста на пазарот на нови автомобили.
Најпродавано возило за минатата година е Toyota Hilux кој со проддени 57.051 примерок успеа да го симне од врвот Volkswagen Polo кое беше најпродавано возило во 2018 година.

Минатата година со продадени 56.653 примероци, Polo се најде на втората позиција. На третата позиција со продадени 49.295 возила и порасст од 2,9% на продажбата се најде Renault Symbol.

Улиците во Најроби

Во најпродаваната петорка место има Ford Ranger со продадени 30.573 примероци и Chevrolet TFR со продадени 20.397 примероци. Од шестата до десетата позиција се наоѓаат уште и: Isuzu D-Max, Nissan NP200, Hyundai Tucson, Toyota Corolla и Toyota Fortuner.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK