Што ќе покаже PSA Групацијата на саемот во Париз

ОБЈАВЕНО НА:

Саемот во Париз е традиционално местото каде француските производители Renault, Peugeot и Citroen постојано објавуваат бројни новитети и концепти. На претстојниот саем кој започнува на почетокот на октомври, PSA Групацијата ќе настапи со Peugeot, Citroen и DS.

Ѕвездата на францускиот бренд Citroen за овој саем е Citroen C5 кој од оваа година за прв пат дојде во Европа откако претходно се продаваше во Кина. Покрај основниот модел, на овој саем ќе биде претставен и хибридниот концепт кој ќе пристигне на почетокот на 2020 година. Ќе располага со 225 КС, а со електричниот погон ќе може да помине не повеќе од 50 километри.

Покрај овој модел, тука секако ќе биде најпродаваниот модел во последните неколку години, Citroen C3 како и Aircross изведбата. Француска саемска премиера ќе има и на Citroen Berlingo, а покрај овие модели тука ќе бидат и останатите од постечката понуда.

На овој саем францускиот производител за прв пат ќе ја претстави JCC+ изведбата на C3 која е дизајнирана од страна на Жан Шарл де Кастелбажак, а кај овој модел доминира црн-црвената боја со детали во сина и жолта боја.

Image result for Citroën C3

Ситроеновата дивизија DS покрај постоечката понуда ќе го претстави и мдоелот DS 3 Crossback, замислен како ривал на BMW X1 и Jaguar E-Pace, а во иднина овој модел ќе биде достапен само во електрична изведба. На овој саем премиера ќе има и DS 7 Crossback E-Tense.

Овој електричен SUV е опремен со 1.6 литарски бензински мотор како и електричен мотор со 110 КС. Исто така овој автомобил располага со погон на сите четири тркала што е прв 4×4 модел под знакот на DS.

Доста возбудливо се очекува да биде на штандот на Peugeot. Францускиот производител покрај основната изведба на Peugeot 508 претставена на саемот во Женева годинава, на овој саем ќе ја претстави и караванската изведба на овој модел.

Тука се очекува да биде и новата 208ца инспирирана токму од дизајнот на 508, како и електричната изведба на овој модел. Во центарот на вниманието ќе биде и моделот Peugeot E-Legend инспириран од моделот 504 купе од 70те години на минатиот век. Сепак овој електричен модел во ретро стил, како што пренесува францускиот производител, нема да влезе во сериско производство.

Останува да почекаме до почетокто на октомври за да видиме дали покрај овие модели PSA Групацијата ни подготви некое изненадување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK