Иднина во ретро стил: Peugeot e-Legend Concept, наследник на 504 купе

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот за автомобили во Париз кој започнува на 4 октомври, Peugeot на својот штанд ќе го претстави концептот e-Legend. Инспириран од легендарното 504 купе, овој концепт ја претставува иднината во ретро стил.

Дизајнот на овој концепт е дело на Серџо Пининфарина, а токму во екстериерот се проткаени бројни ретро елементи од Peugeot 504 кои одлично се вклопуваат во една целина која сепак го потенцира и модерниот карактер. За тоа да е така помага и најнапредната автономна технологија некогаш вградена во Peugeot автомобил.

Во внатрешноста воочливи се ретро седиштата, токму онакви какви беа популарни во 60те години на минатиот век. Тука е и целосно модернистичката инструментална табла која има можност за собирање кога возилото не е стартувано. Тука доминираат и 16-те диспели кои во целост ги заменуваат конвенционалните команди за управување на различни функции на автомобилот.

Peugeot e-Legend Concept

Електромоторот овозможува 426 КС и 800 Nm, а батериите од 100 kWh обезбедуваат автономија од 600 километри. За целосно полнење на батеријата потребни се само 25 минути, а максималната брзина која ја развива изнесува 200 km/h. Во поглед на димензиите, должината на овој концепт автомобил изнесува 4.650 мм, ширината 1.930 мм, висината 1.370 мм додека меѓуоскиното растојание изнесува 2.690 мм.

За жал она што првично е потврдено е тоа дека овој автомобил нема да добие продукциска изведба, но останува надежта дека раководството на францускиот производител ќе се предомисли и овој супер привлечен автомобил во блиска иднина ќе може да се сретне низ улиците во светот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK