SEAT ги откри детали за најновата верзија на моделот Ibiza од моделската 2021 година, за која шпанската компанија вели дека го надградува докажаниот модел со обновен дизајн, нови технолошки решенија и уште повисоко ниво на безбедност.
Ibiza која веќе располага со диодна верзија на системот за осветлување, добива целосно нов преден панел со нова концептна конзола за интегриран инфо-забавен и мултимедијален систем, нов мултифункционален ергономски волан, нови отвори за воздух со позадинско осветлување и други.
Освежениот модел на SEAT Ibiza исто така дебитира со ажурирани решенија за поврзување, вклучувајќи целсона безжична врска (Wireless Full Link), синхронизација на безжичен мобилен телефон преку Android Auto и Apple CarPlay, мобилната апликација SEAT CONNECT и многу повеќе.
Seat Ibiza 2021
Системите за зголемeна активната безбедност се развиени со присуство на полуавтономен систем за возење Travel Assist, надградба на Lane Assist, Side Assist, системот за препознавање на патокази, автоматски фарови, асистент за паркирање и други.
Во однос на погонските агрегати, освежената Ibiza доаѓа во 6 енергетски верзии на бензински и CNG мотори, со опсег од 80 до 150 коњски сили.
Производството на подобрената Ibiza ќе почне во третиот квартал од годинава, а цените засега не се познати.