Се тркаа aвтономно возило и професионален возач, и победи… (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Улиците на Рим беа сведоци на интересен дуел меѓу професионален возач и автономен тркачки болид. На патеката на која неодамна се одржа трка во Formula E овој пат имаше предизвик во кој Рајан Турк и автономниот тркачки болид DevBot се бореа за што е можно подобро време.

Роботскиот тркачки автомобил е дел од експериментот на автомобилската класа Roborace и е изграден само за оваа намена. Турк пред оваа трка никогаш немал седнато во возилото, па немаше претходно искуство.

Разликата меѓу управувањето на Турк и на автономното возило беше во тоа што при управувањето на возачот болидот беше потежок за 77 килограми.

Тркањето не беше „1 на 1“ туку се возеше посебно. Турк го возеше истиот автомобил, кој потоа возеше по пистата без возач. Резулатите биле послаби од најбрзиот круг во Formula E (1:51:80). Турк забележал послабо време за дури 15 секунди, додека автономниот болид имаше уште послабо време од 2:18:40.

Досега во слични тестирања роботите секогаш биле побавни од луѓето, но тоа било главно околу 8 проценти. Ова време сега е побавно за дури 24 проценти од човечкото и покажува дека кај DevBot речиси и да нема напредок.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK