Помалку познат е фактот дека германскиот произвoдител на спортски автомобили, Porsche, во 50-те и раните 60-ти години на минатиот век произведувал трактори.
Станува збор за цела линија на трактори именувана како Porsche-Diesel чие производство завршило во 1963 година. Повеќе од 50 години подоцна, на аукција се најде токму еден таков трактор од моделот Junior 108 произведен во 1961 година.
Овој трактор е со 822 кубика и 50 КС и располага со двостепен менувач. Целосно е обновен од страна на американската компанија Mirek’s European Auto Inc., а почетната цена е 14 илјади американски долари.