Откако германскиот производител Mercedes-Benz ги откри плановите за следната година во кои место најде и Shooting Brake изведбата на Mercedes CLA, на интернет се појавија и првите фотографии од маскираниот модел.
Моделот кој ќе се појави кон крајот на следната година, во моментов се тестира од страна на гермaнскиот производител. Она што се знае е дека ќе се базира на MFA (Modular Front-drive Architecture) платформата која во моментов ја користат компактните модели. Оваа платформа овозможува помала тежина и дополнителен капацитет.
Овој модел во себе ќе ја има инкорпорирано последната технологија на Mercedes во поглед на инфотејнмент системот како и системите за безбедност и асистенција на возачот. Во зависност од пазарот, купувачите ќе имаат можност да одберат еден од бројните мотори кои ќе бидат во понудата. Меѓудругите, во понудата ќе има и 2.0 литарски трубо мотор со 188 КС, а најмоќниот модел ќе располага со 400 КС.
https://youtu.be/sjMHpdui_X8
Овој модел во продажба ќе се појави кон крајот на следната година, а светската премиера се очекува да ја има на саемот во Женева закажан за почетокот на следната година.