Се е подготвено за новата сезона во MotoGP

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата сезона MotoGP шампионатот беше во сенка на пандемијата на коронавирусот. Оваа година организаторите се убедени дека ова натпреварување ќе се спроведе без никаков проблем, а при тоа ќе се извозат сите 19 трки според предвидениот календар.

Натпреварувањето започнува на 28 март кога се вози трката во Катар. Од белата линија ќе започнат 22 натпреварувачи групирани во 11 тимови. Доминираат возачите од Италија и Шпанија, а и оваа сезона во центарот на вниманието ќе бидат Мир, Морбидели, Ринс, Довициозо, Вињалес…

Во Катар се вози и втората трка закажана за 4 април. Истиот тој месец е и трката во Портимао (Португалија), а во мај се возат Ксерез (Шпанија), Ле Манс (Франција), Сан Пјеро (Италија). На програмата се и трките во Монтмело, Хохенстајн, Асен, Ити, Шпилберг, Силверстоун, Алкањиз, Мисано Адриатико, Мотеги, Бурирам, Мелбурн, Селангор, а шампионатот завршува на 14 ноември во Валенсија (Шпанија).

2021 MotoGP Rider Lineup - Cycle News

Организаторите наведоа дека како резервна трка е онаа во Индонезија додека се одложуваат трките во Термас де Рио Хондо (Аргентина) и Осин (САД).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK