Nissan официјално потврди дека премиерата на подновениот Frontier ќе се одржи на 4 февруари.
Станува збор за пикап модел кој доаѓа со екстериерни и ентериерни новитети и претставува всушност редизајн на третата генерација коај беше претставена во 2014 година.
Во однос на мотористиката нема никакви промени. Во понудата останува 2,5 литарскиот бензински мотор како и трите дизелски, 2,3 литарскиот turbo I4, 2,3 литарскиот twin-turbo I4 и 2,5 литарскиот turbo I4 мотор.
Новиот Frontier кој на одредени пазари се продава и под името Navara, уште оваа пролет во продажба ќе се појави во Тајланд каде и се продава. Подоцна годинава ќе биде понуден и во Кина, Северна и Јужна Америка и Африка. Останува непознато дали овој модел ќе биде и дел од европската понуда особено поради фактот што јапонскиот производител најави затворање на фабриката во Барселона.
Повеќе за овој новитет можете да прочитате ТУКА.