Nissan Navara доаѓа со нов дизaјн и технологии (Фото/Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

За новата Navara од Nissan споделуваат дека ќе има попријатно управување, намалени вибрации и шум.... Има и доста подобрувања во внатрешноста од изгледот на управувачот и освежениот и надграден инфозабавен систем.

По кратаката тизер кампања доаѓаат и официјалните фотографии од обновената Nissan Navara. Јапонски Nissan ги распространи информациите за новата верзија на моделот Navara, што ќе се појави со подобрени параметри во однос на безбедноста, комфорот и општото задоволство со управување.

Nissan Navara прво ќе биде пуштен во продажба во Тајланд од декември, а подоцна и н адругите светски пазари. Моделот ќе се нуди со системи за активна безбедност – Intelligent Forward Collision Warning како предупредување за судир, за да овозможи автоматско сопирање во случај на опасност од удар.

Новата Navara која исто така го носи амблемот на Frontier во Мексико и Јужна Америка (не е поврзана со американскиот Frontier) веднаш се разликува од оригиналниот модел благодарение на освеениот преден изглед, но и од позади.

Nissan Navara 2021

За новата Navara од Nissan споделуваат дека ќе има попријатно управување, намалени вибрации и шум.... Има и доста подобрувања во внатрешноста од изгледот на управувачот и освежениот и надграден инфозабавен систем. Нема менување на погонските агрегати, па моделот од моделската 2021 останува со четирицилиндричниот twin-turbo со 2,3 литри дизле кој произведува 188 КС и 450 Нм. вртежен момент. Возилото може да има 6-степен мануелен и 7-степен автоматски менувач.  

Во опремената што се нуди Navara има системи за видео набљудување на целото возило со Intelligent Around View Monitor кој може да придонесе за полесно паркирање и маневрирање на ограничен простор. Системот располага и со специјален офроуд режим, што известува за опасности во непосредна близина на возилото при движење со мала брзина кога се во погон сите четири тркала

За новата Navara од Nissan споделуваат дека ќе има попријатно управување, намалени вибрации и шум…. Има и доста подобрувања во внатрешноста од изгледот на управувачот и освежениот и надграден инфозабавен систем.

Нема менување на погонските агрегати, па моделот од моделската 2021 останува со четирицилиндричниот twin-turbo со 2,3 литри дизле кој произведува 188 КС и 450 Нм. вртежен момент. Возилото може да има 6-степен мануелен и 7-степен автоматски менувач.

Цените се уште не се познати..

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK