Rimac отвори центар за истражување и развој во В.Британија

ОБЈАВЕНО НА:

Само еден месец откако во Кина го отвори својот прв продажно-изложбен салон, хрватскиот производител на супер автомобили Rimac  објави дека во Велика Британија објави центар за истражување и развој. Оваа вест ја објави Мате Римац при средбата со Грег Хендс, министерот за меѓународна трговија на Велика Британија.

Веста ја објави и хрватски Индекс кој наведе дека центарот е отворен во Ворик паркот во Ковентри, а кој до крајот на оваа календарска година ќе вработи 30 лица. При тоа наведува дека овој центар ќе соработува со бројни локални компании.

“Иако Хрватска се уште ќе биде нашиот дом, одлучивме да ја искористиме приликата за создавање на мал тим во Велика Британија каде автом

обилската индустрија има долга историја и високо ниво на стручност” изјави Римац кој додаде дека британските инжињери се првокласни во новите технологии за електрификација.

Во моментов во Rimac работат речиси илјада лица, а во последната година бележи голем раст. Се почести се и информациите дека Rimac Automobili ќе го купи производителот Bugatti, а веќе се најавени и новите продажни салони ширум светот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK