Редок примерок на Jaguar XJ220 на продажба за 500.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

На E-bay често се наоѓаат интересни работи за продавање. Сега на продажба е и еден редок модел на Jaguar XJ220, што се наоѓа во Мајами, а за него се бараат 519.000 долари.

Според сопственикот, сѐ е во оригинална состојба и без траги на користење. За високата сума што ја бара овој сопственик влијае и фактот што возилото има поминато само 749 км. иако е стар 22 години.

Jaguar во периодот од 1992 до 1994 година имаат направено 271 примерок од овој модел, сакајќи да бидат сведоци на победите во 1988 и 1990 година на трките на издржливост „24 часа Леман“

jaguar-xj220-11

Автомобилот го покренува 3,5 литарски битурбо V6 кој располага со повеќе од 540 КС. Максималната брзина на возилото е 349 км/ч. со што долго време беше најбрзиот сериски автомобил што може да се користи на јавните патишта.

Доколку сметате дека истиот се уште може да се користи, можете да испратите понуда.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK