Британскиот производител Jaguar Land Rover (JLR) по неколкуте тизер фотографии и шпиунски видео записи, и официјалнот го претставни подновениот Land Rover Discovery Sport.
Новиот Discovery Sport доби и нова платформа. Досегашната JLR D8 ќе биде заменета со Premium Transverse Architecture која обезбедува поголема пространост во внатрешноста, а која воедно поддржува и целосна електрификација што е основа за идниот електрични модел.
Визуелно, инспирација за подновениот Discovery Sport дефинитивно се моделите Velar и Evoque. Иако без очекуваните радикални измени, овој модел добива обовени предни и задни LED светла како и браници. Тука е и новата предна маска како и алуминиумски фелни, а купувачите ќе имаат можност да одберат од широка палета на нови бои.
Land Rover се пофали и дека овој модел доаѓа со доста унапредена звучна изолација, 4G, wi-fi hotspot, седишта со греачи и масаши, безжичен полнач за паметни уради, адаптивни темпомат, систем за автономно кочење, систем за одржување на возилото во коловозната трака и многу друга опрема и системи за безбедносна асистенција на возачот.
Во внатрешноста нема многу драстични измени. Подновените седишта, новиот дизајн на управувачот како и централно поставениот 10 инчен Touch Pro инфотејнмент систем се првите новитети што се забележуваат во внатрешноста.
Инаку овој модел од страна на Jaguar Land Rover беше премиерно претставен во 2014 година. Сега по пет години доаѓа и освежување за истиот.