четврток, 25 јули, 2025 година

Работниците во Унгарија и Audi се договорија за поголема плата

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Синдикатот на работници во фабриката на Audi во Унгарија постигна договор со менаџментот за покачување на платите во следните две години.

Договорот доаѓа откако во декември покачување од 10 отсто во следните две години издејствуваа и вработените во фабриката на Daimler.

- Advertisement -

Audi е еден од најголемите извозници во Унгарија, и по преговорите со Синдикатот реши да ја покачи платата н авработените за 103 долари почнувајќи од јануари 2017 година, и плус уште едно покачување од 103 долари од јануари следната година.

Фабриката ќе понуди и бонуси за лојалност. Во главната фабрика во Ѓер, компанијата вработува 11.631 лице, и годишно се произведуваат 1,92 милиони мотори и речиси 123.000 возила биле произведени во 2016 година.

Во оваа фабрика се произведуваат моделите A3 компакт и кабриолет, и TT спортските модели. Платите на унгарските работници во Audi се неколкукратно помали во однос на оние во Германија. Во периодот јануари – ноември 2016 година просечната плата во фабриката на Audi во Унгарија била 900 долари, за разлика од Германија каде била 3.838 долари во 2015 година.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја