Првиот СУВ на Ferrari доаѓа во септември – првото електрично возило во 2025

ОБЈАВЕНО НА:

За време на својот годишен настан „Capital Markets day” Ferrari откри детали за идниот развој на брендот за периодот 2022-2026 година. Првиот новитет што компанијата го планира и ќе го претстави е СУВ модлеот, прв во историјата на компанијата. Тој би требало да се појави во јавност во септември.

На тој начин Ferrari ќе им се приклучи на Bentley, Rolls-Royce, Aston Martin и Lamborghini на листата накои меѓу последните имаат СУВ во понудата.

Ferrari ветува дека во следните 5 години компанијата ќе лансира 15 нови модели, од кои прва ќе биде долгоочекуваниот нов модел Purosangue. Легендарниот бренд вели дека тој ќе биде претставен во септември, најверојатно на салонот во Париз. Ferrari ќе го направи Purosangue релативно ексклузивен модел и за компанијата и за потрошувачите, велејќи дека ќе го ограничи пазарниот микс во портфолиото на помалку од 20%.

Помалку од 5% од продажбата на Ferrari ќе биде генерирана од специјалните понуди на пазарот на Icona сериите, а Supercar специјалните серии ќе достигнат околу 10%.

До 2026 година ќе видиме сосема нова суперспортска понуда, а во 2025 година ќе бидеме сведоци на пазарното лансирање на првиот целосно електричен автомобил во историјата на Ferrari. Од брендот велат дека до 2026 година, 40% од продажбата ќе биде за автомобили со мотори со внатрешно согорување, а остатокот ќе биде хибриден или електрични.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK