Прв собир за Бадник на Ендуро тим Водно (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Мото-тимот кој во 2017 година ги забележа најдобрите резултати на ниво на клуб во Македонија, Ендуро тим Водно ги собра своите членови и подржувачи на едно место на Првиот Бадников собир, кој би требало да прерасне во традиција.

За време на собирот членовите на клубот возеа мотокрос, па посетителите можеа да уживаат во нивните вештини на патеката на Зајчев рид.

Ендуро тим Водно се подготвува за уште поуспешна 2018 година, а во неа во своите редови го имаат и Христијан Станковиќ со кого ќе одат на трофеи во мотокрос натпреварување. Христијан Бузалковски кој беше дел од овој тим и лани во новата година ќе се натпреварува во две класи на Балканскиот мото брзински шампионат, па тоа ќе биде шанса за поголем број на победи во новата сезона.

Како беше на Бадниковиот собир можете да погледнете на фотографиите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK