Ferrari како што беше и претходно најавено во Маранело го претстави првиот свој plug-in хибриден модел со што започна реализирањето на најновиот стратешки план според кој е предвидено и електрифицирање на некои идни модели.
SF90 Stradale е називот на овој автомобил со кој меѓудругото италијанскиот производител ја одбележува и 90 годишнината на Scuderia Ferrari.
Станува збор за целосно хибриден автомобил кој ќе продуцира 986 КС благодарение на V6 и V8 хибридниот мотор. Според откриените технички податоци, до 100 км/ч може да забрза за 2,5 секунди, а до 200 км/ч за само 6,7 секунди.
На самостоен електричен погон овој автомобил може да помине до 25 км, а она со што може да се пофали италијанскиот производител е најдобриот соодност помеѓу тежина и моќност која изнесува 3,5.
Инаку ова е втор модел кој е презентиран годинава од италијанскиот производител. Претходно беше претставен моделот F8 Tributo кој го замени 488 GTb, а до крајот на годината планирано е да се претстават уште три модели.