Минатата недела од првата позиција на Ferrari си замина Луис Камиљери, долгогодишен директор на италијанскиот спортски производител. Тој поради лични причини се одлучи да си поднесе оставка и да се пензионира.
Веднаш по оваа вест започнаа и шпекулациите околу неговиот наследник.
Прв фаворит за тоа е Мајк Менли, актуелниот прв човек на Fiat Chrysler Automobili (FCA). Италијанските медиуми пишуваат дека тој е фаворит број еден пред Џон Елкан, член на фамилијата Ањели, која поседува најголем дел од сопственоста во Ferrari и FCA.
Конечната одлука, одборот на директори ќе ја донесат следната недела.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]