Nissan и официјално ја претстави новата, петта генерација од моделот Pathfinder која ја заменува актуелната која датира уште од септември 2012 година. Овој модел чија должина изнесува 5.045 мм, доаѓа со целосно нов внатрешен и надворешен дизајн.
Доминираат дизајнерските црти од новата дизајнерска филозофија која е користена кај сите новитети на јапонскиот производител претставени изминатите две години.
По мерка на вистинскиот американец, овој SUV со меѓуоскино растојание од 2.900 мм нуди одлична пространост, како на патниците на задната клупа така и во багажниот простор.
Nissan Pathfinder 2021
Под хаубата, за разлика од својот претходник, овој ќе располага само со 3,5 литарскиот V6 бензински мотор кој доаѓа во комбинација со новиот девет степен автоматски менувач. Овој мотор продуцира 284 КС и 350 Nm обртни моменти. Подоцна ќе биде претставена и хибридна верзија, а нема никакви информации околу можната електрификација на овој модел.
Новата генерација ја користи Нисановата D платформа, а како и својот претходник, така и овој, е достапен со погон на предните, но и погон на сите четири тркала.
Во внатрешноста доминира 12,3 инчната дигитална инструментална табла како и 9,0 инчниот екран од инфотејнмент системот. Тука е и head-up дисплејот, Apple CarPlay, Android Auto, WiFi hot-spot, бежичен полнач, Bose аудио системот кој доаѓа со 13 звучници, задната камера…
Комерцијализацијата на овој модел ќе започне во септември годинава и тоа во фабриката на Nissan во Тенеси, САД. Моделот ќе се продава на северноамериканскиот пазар, а цената засега останува непозната.