Последниот примерок на Abarth 124 Spider на аукција во Јапонија

ОБЈАВЕНО НА:

Последниот примерок на Abarth 124 Spider достапен во Јапонија веќе е дел од аукцијата во оваа земја која финишира на 29 ноември.

Почетната аукциона цена изнесува 3,7 милиони јени што е еквивалентно на 35.468 американски долари. Парите добиени од продажбата на овој модел ќе бидат наменети за добротворни цели, за помош на децата во Јапонија.

“Јас сум многу горд на оваа добротворна акција за поддршка на децата во која учествува и последниот Abarth 124 Spider достапен во земјата на изгрејсонцето” изјави Лука Наполитано, првиот човек на Fiat за ЕМЕА регионот.

Моделот Fiat 124 Spider под брендот на Abarth за прв пат е воведен во 2017 година, а интересно е тоа што покрај во Мирафори, Италија, се произведува и во Хирошима, Јапонија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK